24фудбал

Македонските селекции до 17 и 19 години ги добија противниците за наредните квалификации

Македонските фудбалски репрезентации до 17 и до 19 години ги добија противниците за следниот квалификациски циклус.

Македонија

Македонските надежи до 17 години ги добија противниците за пласман во елитната фаза од квалификации за Европско првенство.

Нашите фудбалери ќе играат во група со Германија, Полска и Малта. 

Квалификацискиот турнир ќе се одржи во Малта од 7. до 13. октомври 2020 година. Првите две селекции одат во елитната фаза од квалификациите за ЕП 2021,


Македонската селекција до 19 години е во групата 5 група во квалификации за пласман во елитната рунда за Европско првенство.

Нашите млади фудбалери ќе играат против Чешка, Данска и Албанија. 

Турнирот ќе се игра од 7. до 10. октомври 2020 година во Чешка. Првите две селекции одат во елитната фаза од квалификациите за ЕП 2021.