24фудбал

Најбогатиот човек во Европа не само што сака да го купи Милан, туку сака да ги донесе и Меси и Пеп!

„Ла Република“ пишува дека модниот тајкун Бернар Арно се уште е заинтересиран за купување на Милан и сонува повторно да ги спои Лионел Меси и Пеп Гвардиола.

Италија

Минатиот месец излезе шпекулација дека Французинот Бернар Арно се обидувал да го купи Милан и покрај тоа што неговиот син го негираше тоа.

„Ла Република“ сега оди чекор подалеку и пишува дека Бернар не само што уште сака да го купи Милан туку сонува да ги донесе Лео Меси и Пеп Гвардиола. На неговиот список со желби е и Мбапе како претставник од Франција, а доколку не успее да го ангажира Гвардиола, втора опција му е Клоп.

Доколку некогаш би успеал да го направам тој чекор, би сакал да ги имам најдобриот фудбалер во светот и најдобриот тренер“, изјави Арно запрашан за евентуалното купување на Милан.

Италијанскиот весник тврди дека „Елион Менаџмент“ размислува за продавање на клубот по лошите резултати оваа сезона и неможноста да направате нешто повеќе за да го вратат Милан во конкуренција со најдобрите.

Дополнително се соочуваат и со проблеми со властите на Милано во врска со рушење на Сан Сиро и изградба на нов стадион.

Бернар Арно е француски бизнисмен кој според податоците од ноември 2019 е најбогатиот Европеец и трет најбогат човек во светот со вредност од 106,6 милијарди долари.