24фудбал

Солшер се смее на пишувањата за негов отказ

Оле Гунар Солшер се смее на последните пишувања на англиските медиуми дека после дуелите со Тотнем и Манчестер Сити може да добие отказ.

Англија

Утринава се појавија стории кои тврдеа дека Солшер на своите фудбалери им рекол дека ако не остварат резултати против Тотнем и Манчестер Сити може тој да добие отказ.

На денешната прес конференција Солшер се смееше на таквите пишувања.

„Понекогаш се смеам кога ќе прочитам стоии за тоа што сум кажал јас или мојот стручен штаб. Ако ништо друго барем знам дека изворот за кои сите зборуваат не е извор, тие само измислиле лаги“, вели Солшер.

Во изминатите две недели друри тројца тренери на Премиерлигаши добија отказ, Маурисио Покетино, Унаи Емери и Кики Санчез Флорез. Сите типуваат дека Солшер е следниот кој ќе ја загуби работата.

Манчестер јунајтед утре го пречекува Тотнем, Мурињо се враќа на Олд Трафорд. А викендов што следи „црвените ѓаволи“ му гостуваат на градскиот ривал Манчестер Сити.