24фудбал

Манчестер Сити нема да ги решава проблемите со повредите во јануари

Пеп Гвардиола ја отфрли можноста Манчестер Сити да донесе нов фудбалер во јануари велејќи дека не сака засилувања.

Англија

Манчестер Сити веќе има големо заостанување зад лидерот Ливерпул, граѓаните имаат проблеми дефанзивната линија, Лапорте има повреда поради која долго отсуствува, а Стоунс пропушти осум меча во септември и октомври поради проблем со мускулот.

Клубот не успеа да најде соодветна замена за Компани кој си замина, битката за Мегваер ја доби Јунајтед.

„Не сакам нови засилувања. Не можевме да го направиме тоа летото, не можеме ниту во јануари“, вели Гвардиола.

„Кога би имале некоја неверојатна можност во јануари во следните четири, пет, шест години, можеби би размислиле. Но тоа не е возможно. Нормално, фудбалерите кои би биле интересни за нас, не се за продавање во јануари“.

„Не можевме да купиме централен дефанзивец летото. Одлучивме да го адаптираме Фернандињо на таа позиција и тоа е тоа. Понекогаш клубот сака да се обиде да направи најдобро што може, но некогаш не можеме. Треба да се адаптираме со фудбалерите кои ги имаме“.