24фудбал

Мурињо зборува за тројцата важни фудбалери на Тотнем на кои им истекуваат договорите

Иднината на тројца клучни фудбалери во Тотнем се уште не е јасна, договорот им истекува по крајот на сезоната и не се знае дали ќе потпишат нов или ќе останат.

Англија

Жозе Мурињо има перфектен старт на кариерата во Тотнем со три победи од исто толку меча. Но покрај играта на тимот, Мурињо има и други прашања за решавање, се уште е неизвесна иднината на Ериксен, Алдервирелд и Вертонген, нивните договори истекуваат по крајот од сезоната.

„Нема да дискутирам за индивидуални работи. Доколку ви кажам дека не сум зборувал со г-дин Даниел Леви за Ериксен, Алдервирелд и Вертонген, би ве излажал. Па, да сум зборувал со г-дил Леви за тоа“, вели Мурињо.

„Во исто време, зборувам и со фудбалерите, со сите нив. Зборуваме и се обидуваме да го разбереме секој детал но тоа не е нешто што би го дискутирал во јавноста“.

„Важно е што тие навистина се големи професионалци, имаат многу добар однос со Тотнем, неверојатно разбирање за тоа што е овој клуб и што ни треба од нив“.

„Па, сите тројца се подготвени за игра, сите тројца се подготвени да заборават на ситуацијата со договорите“.

„И тоа ми е најважна работа во моментов бидејќи сме во три натпреварувања. И овие момци се големи фудбалери и луѓе на Тотнем. Им верувам“.