24фудбал

Барнли ги остави играчите на Сити да се пресоблекуваат во темница но ни тоа не помогна, „граѓаните“ им дадоа четири гола (ВИДЕО)

Манчестер Сити со три бода си замина од незгодното гостување на Трф Мор, шампионот немаше многу проблеми во пресметката со Барнли и стигна до убедлив триумф од 1-4.

Англија

Цврстите и силни момци на Барнли често знаат да бидат незгодни, но вечерва избраниците на Дајч не можеа да сторат ништо против „граѓаните“. Не помогна ниту и тоа што играчите на Манчестер Сити се пресоблекуваа и подготвуваа во темница откако откажа осветлувањето во гостинската соблекувална, па на помош притрчаа луѓето од Амазон кои мораа да носат светилки.

Шампионот на Англија си замина од Трф Мор со три бода и убедлив триумф од 1-4. Габриел Жесус го отвори резултатот на средината од првиот дел, Бразилецот убаво пласираше на подалечната статива за 0-1. Истиот играч на стартот од вториот дел зголеми на 0-2, а во 68. минута од мечот падна уште еден добар погодок, Родри испрати проектил од врвот на шеснаесетникот за 0-3.

Марез во 87. минута зголеми на 0-4, а Брејди две минути подоцна постигна само почесен гол за Барнли.