24фудбал

Де Лаурентис решил да го брка Анчелоти, Елмас добива нов тренер по 10. декември?!

Според дел од италијанските медиуми, Карло Анчелоти ќе добие отказ по последниот натпревар од групната фаза од Лигата на шампионите.

Италија

„Радио Марте“ тврди дека претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис одлучил да го отпушти Анчелоти по последниот меч од Лигата на шампионите против Генк на десети декември.

Тој веќе е во контакт со Џенаро Гатузо кој смета дека би бил добар наследник на Анчелоти.

Иако не важи за некој голем стратег, Де Лаурентис смета дека Гатузо има цврста рака и ќе може да го доведе тимот во контрола која се чини дека ја загуби Карло Анчелоти.

Гатузо е слободен тренер откако раскина со Милан летоска. За него интерес има и од Фиорентина.

Карло Анчелоти ако добие отказ речиси веднаш може да се врати на работи бидејќи има отворени тренерски места во Премиерлигата. Арсенал е во потрага по нов стратег, а се верува дека наскоро и на Манчестер јунајтед ќе му треба нов тренер.