24фудбал

Станковиќ до Кулушевски: Гледам дека многумина те споредуваат со Де Брујне, но...

Парма е одлична сезонава во „Серија А“, меѓутоа ништо од тоа доколку не се спомене неверојатниот Дејан Кулушевски, кој на 14 настапи постигна 3 погодоци, а 19 годишниот плејмејкер притоа запиша и исто толку и асистенции.

Италија

Фудбалерот од средниот ред на Парма, Дејан Кулушевски, кој за „Млекарите“ настапува како позајмен од тимот на Аталанта, во интервју за „ДАЦН“ одговори на пораката која ја доби од страна на Дејан Станковиќ, технички коментатор за таа мрежа, кој воедно се врати во Интер каде има функција како тренер на фудбалери до 15 години во средниот ред, а воедно ќе биде асистент тренер на тренерите на помладите категории на „Нероаѕурите“.

Несудениот македонски репрезентативец Кулушевски, кој најпрво почна во нашите помлади селекции за потоа да се предомисли и да почне со настапи за Шведска, доби порака од Станковиќ, кој иако свесен за тоа дека го споредуваат со Де Брујне од Манчестер Сити, му порача да си изгради пат и да биде препознатлив по сопствениот стил на игра.

Здраво Дејан, како си? Се надевам сее во најдобар ред, ти честитам на тоа што го стори досега, среќно во иднината. Само размислувај околу играњето и развојот на својата игра и кариера, остани на земја. Гледам дека многумина те споредуваат со Кевин де Брујне, но, според мене, ти мораш да си го направиш својот пат и да бидеш препознатлив по сопствениот стил на игра, засега ти оди одлично“ му порача Станковиќ, а Кулушевски возврати на истата порака, наведувајќи дека бил голем обожовател на играта на Србинот во минатото, па дури и памети еден гол од неговата кариера како најомилен.

Неверојатно, го видов еднаш во периодот кога играв за фудбалерите до 17 годишна возраст против Интер, неговиот син игра таму. На крајот од мечот, јас бев уморен, меѓутоа имав енергија да истрчам до него за да побарам фотографија со него. Тој е еден од најдобрите фудбалери кои ги имам видено досега. Во мојот дом редовно ги гледам неговите голови, го паметам оној против Шалке од средината, кога ќе се вратам во мојот дом, ќе го известам мојот татко дека Станковиќ ми испратил порака“ гласеше одговорот на Кулушевски за Станковиќ.


(голот на Станковиќ кој беше наведен од Кулушевски)