24фудбал

Ќе има ВАР на мечот меѓу Македонија и Косово, а потоа и на квалификациите за СП 2022

УЕФА соопшти дека мора да има ВАР на плејоф натпреварите за пласман на Европското првенство 2020 година.

Македонија

Остануваат уште четири празни места за пласман на Европското првенство 2020 година кои ќе бидат пополнети преку Лигата на нации.

Македонија ќе го пречека Косово во полуфиналето од Лига Д, најверојатно домаќините ќе бидеме на „Тодор Проески“ арената во Скопје.

За прв пат во Македонија ќе треба да биде имплемнтирана ВАР технологијата. 

Системот нема да се користи само на тој меч, УЕФА соопшти дека ВАР мора да има и на мечевите од квалификациите за СП 2022 година.