24фудбал

Ливерпул пресилен за Евертон во градското дерби (ВИДЕО)

Ливерпул му даде пет голови на градскиот ривал Евертон, победи со 5-2 и ја одржа високата предност на врвот од Премиерлигата.

Англија

Јирген Клоп дури и одмори неколку фудбалери на овој натпревар, во првиот состав беа Ориги, Шакири, Лалана, а на клупата седеа играчи како Фирмино, Салах, Хендерсон но и покрај тоа Ливерпул доминираше на теренот.

Дури шест од седумте гола беа постигнати во првото полувреме. Ориги во шестата минута го отвори резултатот, а десет минути подоцна Шакири зголеми на 2-0, Кин во 21. минута намали на 2-1.

Ориги во 31. минута зголеми на 3-1, а Мане во 45. даде гол за највисока предност дотогаш, 4-1, но тоа не беше се во првото полувреме. Во третата минута од продолжението Ришарлисон реализираше за 4-2.

Во вториот дел мрежите мируваа се до 90. минута кога Вајналдум постигна гол за конечни 5-2.