24фудбал

Италијаните како во друг век да живеат, скандалозна расистичка насловна на „Кориере“ го шокира светот (ФОТО)

Италија има голем проблем со расизмот, кој не само што не се решава туку се продлабочува.

Италија

Ако некои прстот го вперуваа во хулигани од ултрас навивачките групи на екипите, се чини дека повеќе нема право за тоа. Истото го прават и оние кои треба да помогнат во тоа.

Еден од најголемите спортски весници во Италија, „Кориере дело Спорт“ излезе со насловна со Ромелу Лукаку и Крис Смолинг и со големи букви напишано „Блек фрајдеј“. Тоа е најава за дербито меѓу Интер и Рома кое се игра во петок.

Спортската јавност не само во Италија, туку во светот е згрозена. Во период кога сите се борат против расизмот некој се дрзнува да објави ваква насловна.