24фудбал

Реакцијата на Нејмар наменета за „хејтерите“ (ФОТО)

Бранителот на шампионскиот трофеј во Франција ја оправда фаворитската улога во дуелот со Нант пред своја публика, а творци на победата беа Мбапе и Нејмар.

Франција

ПСЖ со синоќешната победа од 2-0 над Нант се одвои од Олимпик Марсеј на пет бода и се зацврсти на првото место, притоа има и меч помалку во однос на својот ривал кој игра во феноменална форма.

Одличен меч одиграа големите ѕвезди на ПСЖ, Мбапе и Нејмар, кои воедно ги постигнаа обата погодоци, особено добар беше воведниот гол на Мбапе, а бележиме и една доста контроверзна реакција на Нејмар откако погоди од белата точка.

Бразилецот во завршницата од пресметката во Париз имаше можност да погоди од пенал, успеа во таа намера, а потоа во прославата на голот гестикулираше со тоа што сакаше да ги замолчи критичарите, веројатно дел од неговата гестикулација се мислеше и на секцијата фанови на ПСЖ кои упатуваат свирежи кон него, поради турбулентниот период во летото кога сакаше да си замине од клубот...