24фудбал

Фото на денот: Лицето на Мурињо по поразот и „галењето“ по глава од Солшер

Сите очи на фудбалскиот свет синоќа беа вперени на дербито на „Олд Трафорд“ помеѓу Манчестер јунајтед и Тотнем во рамките на 15 коло од англиската Премиерлига, секако, тоа беше така поради една добро позната причина.

Англија

Жозе Мурињо се врати на „Олд Трафорд“, меѓутоа овој пат како противник на неговиот поранешен клуб Манчестер јунајтед, беше на клупата на Тотнем, а враќањето во Манчестер, Португалецот сигурно ќе го памети по лошо.

Тотнем забележа низа од три победи во сите конкуренции по доаѓањето на Мурињо, меѓутоа и покрај тоа што неговиот состав се врати од негатива, Рашфорд му ги расипа сите планови на Португалецот кој сигурно ќе имаше друго расположение ако се вратеше со победа од Олд Трафорд.

И, така бележиме фото на денот, лицето на Мурињо по поразот од неговиот помлад колега од спротивниот табор кој беше уловен во една мошне интересна ситуација од страна на фоторепортерите, навидум првиот впечаток е како Солшер да го гали Мурињо по главата, што доловува и помалку комична ситуација...