24фудбал

„Чекав четири години за да му се одмаздам!“ – Ибра раскажа како го пратил Матераци во болница (ВИДЕО)

Златан Ибрахимовиќ во разговор со магазинот „Џеј Кју“ раскажа како чекал четири години за да му се одмазди на Марко Матераци и како со Таеквондо потег го пратил дефанзивецот во болница.

Италија

Златан Ибрахимовиќ и Марко Матераци неколку години беа соиграчи во Интер, но претходно а и потоа војуваа на терените, кога Швеѓанецот најпрво беше во дресот на Јувентус, а потоа во дресот на Милан.

Во разговор со магазинот „Џеј Кју“, Златан Ибрахимович сега открива дека никогаш не го заборавил стартот на Марко Матереци кога тој бил дел од Јувентус. На натпревар од 2006, популарниот Матрикс му влезе со две носе на Ибракадбра и го покоси.

За својата одмазда, напаѓачот чекал четири години и на градското дерби помеѓу Интер и Милан во ноември 2010, му врати мило за драго.

„Јас бев во Јувентус и игравме против Интер“ – ја започнува приказната Ибрахимовиќ. „Матераци ми влезе како убиец и ме повреди. Тој беше цврсто момче, и тоа е ОК. Но има два начини да бидете цврсти, еден од нив е да имате цел да го повредите противникот. Дури и Паоло Малдини беше цврст играч, но со сосема поинакви цели“.

„Се работеше за дуел помеѓу Интер и Јувентус во 2006 и по прекршокот морав на момент да го напуштам теренот. Фабио Капело ми рече, „Ќе те заменам“, а јас му вратив „Не, ќе продолжам“. Сакав да се вратам на теренот за да му се одмаздам. Доколку некој ми влезе така, нема да заборавам. Но по само две минути, имав преголема билка и не можев да продолжам. Потоа направив трансфер во Интер, па во Барса, па во Милан...“.

„Во градското дерби во сезоната 2010/11, сите беа против мене. ОК, ова ме мотивира. Но, доколку немате контрола, тоа не е добро. Ќе го загубите разумот и ќе направите нешто глупаво. Изнудив пенал и знаете кој ме фаулираше? Матераци. 1-0 за Милан“.

„Во второто полувреме, Матрикс и јас влегуваме во дуел и го удрив со Таеквондо потег, го пратив во болница! Дејан Станковиќ ме праша, „Зошто го стори тоа?“ а јас му одговорив „Го чекав овој момент четири години. Затоа!“. Сè се враќа, сè се плаќа. Милан победи и тоа беше добар момент“.