24фудбал

Матераци му одговори на Ибра и го пецна: Ти благодарам, без тебе никогаш немаше да ја освоиме ЛШ (ФОТО)

Марко Матераци не чекаше многу да му одговори на Златан Ибрахимовиќ, дефанзивецот го потсети Швеѓанецот за болната одлука да го напушти клубот во годината кога беше освоена историската тројна круна.

Италија

Златан Ибрахимовиќ во интервју за магазинот „Џеј Кју“ раскажа како чекал четири години за да му се одмазди на Марко Матераци за еден опасен старт, и со Таеквондо потег го пратил дефанзивецот во болница.

„Чекав четири години за да му се одмаздам!“ – Ибра раскажа како го пратил Матераци во болница (ВИДЕО)

Популарниот Матрикс не чекаше многу и брзо му одговори на Швеѓанецот потсетувајќи го на болната одлукада го напушти клубот во годината кога беше освоена историската тројна круна.

„Дојдов...Видов...Победив“ – го започна постот Матераци во стилот на Златан. „Во секој случај, ти благодарам Ибрахимовиќ. Без тебе никогаш немаше да ја освоиме Лигата на шампионите“.

Пред почетокот на сезоната 2009/10, Златан Ибрахимовиќ изрази желба да го напушти Интер и да се пресели во Барселона за да има подобри шанси за триумф во Лигата на шампионите. „Нероаѕурите“ му ја исполнија желбата, за возврат го добија Самуел Ето и голема сума на пари која беше искористена за составување тим кој таа сезона испиша историја и донесе титула во Купот на Италија, Серија А и Лигата на шампионите.