24фудбал

Ибра до Роналдо: Каков предизвик гледаш кога отиде во тим кој седум години по ред го освојува Скудетото

Во интервју за магазинот „ГО“, Златан Ибрахимовиќ имаше остри зборови кон Кристијано Роналдо.

Италија

Запрашан дали со враќањето во Серија А ќе го види вистинскиот Роналдо, Ибрахимовиќ одговори: „Не. Вистинскиот Роналдо е Бразилецот“.

„Овој Роналдо не е природен талент, се што има постигнато е резултат на неговата работа“.

Ибрахимовиќ го критикува Роналдо дека играње во Јуве не е вистински предизвик, но паралелно вели дека и самиот тој не прифаќа вистински предизвици бидејќи го напушти Јувентус кога тимот беше исфрлен во Серија Б.

„Тој потпиша за тим кој седум пати по ред ја освојува Серија А. Да одите во таков клуб не е некој предизвик. Доколку јас навистина сакав предизвик, треба да одам со Јуве кога тимот беше во Серија Б, да го внесам во Серија А и да го вратам на врвот“.

Милан наскоро треба да потпише со Ибрахимовиќ, информациите велат дека ќе го презентира на прославата од 120. годишнината на клубот.