24фудбал

Алегри нема да се врати на работа оваа сезона, стратегот објасни зошто ќе почека до јуни

Макс Алегри ќе биде на одмор уште неколку месеци, Италијанецот не планира да се врати оваа сезона и планира добро да се подготви за следната авантура со цел да не ја оплеска работата уште на стартот.

Англија

По разделбата со Јувентус, Макс Алегри реши да одмори една година. Но неговото име често се споменува низ медиумите откако голем број на клубови им врачија отказ на тренерите по само неколку месеци од сезоната. Во последно време Арсенал се посочува како опција, но стратегот во разговор со ЕСПН вели дека нема намера да се врати на работа оваа сезона.

„Ќе се вратам во јуни. Веднаш штом стана јасно дека завршувам со Јувентус, одлучив да одморам една година. Имав 18 години како играч и тренер сум 16 години. Па по 34 години, конечно имам малку одмор. Среќен сум, имав шанса да проанализирам што се случи изминативе години, да разговарам со луѓето, да правам работи во приваниот живот кои ми се пасија како посета на театар, уметнички изложби, да читам книги“ – вели Макс Алегри.

Италијанецот од поодамна учи англиски, па беше запрашан колку го има совладано јазикот.

„Земам часови во Милано, знам да зборувам прилично добро. Но малку потешко ми оди кога треба да разберам што зборува другиот. Доколку ми зборуваат побавно, можам да разберам. Гледам филмови на аглиски, читам на англиски и разбирам прилично доста добро“.

„Следната година ќе биде многу важна. Важна од спект на изборот кој ќе го направам и од аспект на потребата да се подготвам за следната авантура. По пет години во Јувентус и една година надвор од фудбалот, не сакам да се вратам на работа и да ја оплескам уште на стартот“.