24фудбал

Брајтон за прв пат во историјата победи на Емирати, Арсенал ја има најлошата серија во последните 42 години (ВИДЕО)

Брајтон ја продлабочи кризата на Арсенал откако вечерва славеше со 1-2 и за прв пат победи на Емирати, „топчиите“ ја имаат најлошата серија во последните 42 години откако на девет меча немаат триумф.

Англија

Во последниот натпревар од 15. коло во Премиерлигата, Брајтон го изненади Арсенал и триумфираше на гостувањето во Северен Лондон. Вебстер се снајде најдобро по една мешаница во шеснаесетникот на „топчиите“ и донесе предност од 0-1 во 36. минута.

Арсенал притисна силно во продолжението од мечот и брзо се врати во игра со погодокот на Лаказет во 50. минута. Налетите продолжија и Давид Луиз ја смести топката во мрежата на гостите за 2-1, но голот му беше поништен поради офсајд.

И кога избраниците на Љунберг се подготвуваа за завршна офанзива, Мопеј одлично биеше со глава за 1-2 во 80. минута и ја замолкна публиката. Брајтон го издржа притисокот во последните минуги па за прв пат во својата историја триумфираше на Емирати.

Што се однесува до Арсенал, „топчиите“ ја имаат најлошата серија во последните 42 години откако на девет меча во низа не знаат за победа. Претходно во 1977 имале 10 натпревари без триумф.