24фудбал

Интер ќе му понуди нов договор на Лаутаро Мартинез со клаузула која ќе ги разочара гигантите

Интер подготвува нов договор за напаѓачот Лаутаро Мартинез со огромна откупна клаузула.

Италија

Лаутаро Мартинез игра одлична сезона, со Лукаку формираа страшен напаѓачки тандем. Аргентинецот го привлекува вниманието на гигантите, Барселона, Манчестер Сити, Јунајтед се само дел од заинтересираните.

Во актуелниот договор со Интер, Лаутаро има откупна клаузула од 110 милиони евра. Сума која е висока, но која може да си ја дозволат богатите клубови.

Интер сака да го задржи напаѓачот уште долго во клубот па ќе му понуди нов побогат договор и со двојно повисока откупна клаузула, 220 милиони евра.