24фудбал

„Кориере“ во напад по спорната насловна страна: Линчувате весник кој еден век ја брани слободата и еднаквоста (ФОТО)

„Кориере дело спорт“ остро возврати на обвинувањата за расизам, весникот вели дека тие речиси 100 години ја бранат слободата и еднаквоста, стравствено се борат за вредностите во спортот но и покрај тоа сега биле линчувани.

Италија

Весникот од Рим вчера го навлече гневот на целата спортска јавноста откако на насловната страна ги стави Ромелу Лукаку и Крис Смолинг и наслов „Блек фрајдеј“ како најава за дуелот помеѓу Интер и Рома во петок. Многумина сметаат дека ова е расизам, но не и за „Кориере дело спорт“ и луѓето кои работат таму.

Главниот уредник Иван Ѕацарони синоќа испрати отворено писмо за да одговори на обвинувањата, а имаше и неколку изјави со кои се обиде да појасни дека лошо биле разбрани. Тој исто така откри дека односот со Рома и Милан бил лош со години, немало интервјуа и речиси никаква соработка, па затоа овие два клуба објавиле бојкот, додека сите други се јавиле за да изразат солидарност.

„Кориере“ останува на ставот дека не сториле ништо лошо, па на денешната насловна имаа колаж од поранешни наслови за проблемот со расизмот во фудбалот и порака: „Кого нарекувате расист? Линчувате весник кој еден век ја брани слободата и еднаквоста“.

Стои и нова порака од Иван Ѕацарони, која гласи: „Блек фрајдеј, за оние кои сакаат и што можат да разберат, беше само начин да се слави различноста, прекрасното богатство на разликите. Ако не го разбравте тоа, тоа е затоа што или не знаете или одбивате да разберете. Блеј Фрајдеј е невин наслов на весник, кој речиси еден век страсвено и тврдоглаво ги брани вредностите на спортот. Но и покрај тоа, насловот беше претворен во отров од оние кои во себе носат отров“.