24фудбал

Л’Екип најави заминување на Погба од Манчестер јунајтед но заборави една важна работа

Л’Екип го смести Пол Погба на својата насловна страна и најави негово заминување од Манчестер јунајтед, весникот очекува трансферот да се случи летоска но заборави дека „ѓаволите“ имаат адут во ракавот и опција да го продолжат договорот на играчот за уште една година.

Шпанија

Пол Погба изминатово лето силно се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид, а имаше и гласини за преселба во Јувентус. Зинедин Зидан го гледа својот сонародник како важен дел од  новиот проект на „кралевите“ и сака да го види на Сантијаго Бернабеу.

Манчестер јунајтед постави висока цена, бараше и до 200 милиони евра, па зделката никогаш не се реализираше. Но гласините никако да престанат, а денешното издание на ЛЕкип има сторија на оваа тема.

Весникот го смести Пол Погба на својата насловна страна и пренесе дека играчот и понатаму останува на идејата дека заминува од Олд Трафорд. Тој нема намера да стави потпис на нов договор, па како истекува времето, слабее позицијата на Манчестер јунајтед.

Волку големи зделки тешко се комплетираат во јануари, па ЛЕкип посочува дека летото во 2020 е идеално време за трансфер. Пол Погба ќе има уште една година од договорот и „ѓаволите“ ќе мора да прифатат продажба бидејќи за шест месеци тој ќе има одврзани раце да потпише преддоговор со други клубови.

Сепак, ЛЕкип заборави една важна работа, Манчестер јунајтед има адут во ракавот и опција да го продолжат договорот на играчот за уште една година. Со едно вакво сценарио, тие ќе имаат поголема моќ во преговорите, и доколку мораат да го продадат, ќе извадат значително повисока сума.