24фудбал

Познато колку пари ќе добие Лампард за засилувања во јануари, медиумите веќе шпекулираат со неколку имиња

Челси денеска дозна дека ќе може да пазари во зимскиот преоден рок откако Судот за спортска арбитража им ја прифати жалбата, медиумите пренесуваат дека Френк Лампард на располагање ќе има буџет од 150 милиони фунти.

Англија

„Сините“ добија забрана за регистрирање на нови играчи во два трансфер периоди пореди прекршување на правилата на ФИФА за ангажамн на играчи помлади од 18 години. Сепак, казната е преполовена откако Судот за спортска арбитража ги прифати аргументите на Челси па клубот од Стемфорд Бриџ ќе може да пазари во јануари.

Според пишувањата на Телеграф и Дејли Мејл, Френк Лампард ќе добие 150 милиони фунти за засилувања во зимскиот преоден рок. 

Се шпекулира дека на агендата ќе биде ангажман на нов дефанзивец, нов лев бек, ново крило и нов напаѓач.

Како потенцијални цели се посочуваат Бен Чилвел од Лестер, Нејтан Аке од Борнмут, Вилфред Заха од Кристал Палас, Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд, Муса Дембеле од Лион и Тимо Вернер од РБ Лајпциг.