24фудбал

Интер за прв пат оваа сезона не даде гол, само реми во дербито против Рома

Интер и Рома ги поделија бодовите играјќи без голови во големото петочно дерби од Серија А.

Италија

Поради формата во која се наоѓа и домашниот терен Интер беше фаворит во дуелот со Рома, но не успеа да дојде до трите бода.

Натпреварот не понуди некоја фудбалска убавина, и покрај таквата игра Интер создаде доволно добри шанси за да дојде до победа, но Рома го имаше расположениот Миранте.

Лукаку во седмата минута имаше фантастична шанса но беше прочитан од Миранте кој го одбрни неговиот удар. Во следната минута Лаутаро пропушти шанса.

На почетокот од второто полувреме голема шанса имаше и Весино, но и овој пат голманот на Рома беше посупешен.

Ова беше прв натпревар на Интер оваа сезона и во Серија А и во ЛШ во која тимот на Конте не постигнува гол.

Јувентус утре му гостува на Лацио, со победа на Олимпико може да се врати на врвот во Серија А.