24фудбал

„24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“: Астон Вила е „тврд орев“, на Варди му е потребна помошта од Барнс

Викендов се игра 16. коло во Премиерлигата, тоа значи нови возбудувања во „Фантази Премиерлига“, која брои и многу натпреварувачи од Македонија, во средината на оваа седмица се одигра и 15., па нема да зачуди доколку проследиме некои неочекувани ротации во екипите.

Останато

Уште една наша анализа во серија како помошна алатка за натпреварувачите од нашата земја во „Фантази Премиерлига“, доколку минатиот викенд потфрливме за прв пат од самиот почеток, се поправивме со скромен учинок во средината на оваа седмица, односно во 15. коло.

Од нашиот избор на селекција освоивме 51 бод, а просекот на освоени бодови изнесуваше 49, со напомена дека Ентони Марсијал поради повреда отпадна од комбинација во тимот на Оле Гунар Солшер, односно во победата на Манчестер јунајтед над Тотнем со 2-1.

„24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“: Ватфорд се „тресе“, очекувањата од Варди се големи

Традиционално започнуваме најнапред со статистички приказ за тоа како се движат работите на трансфер пазарот, најкупуван фудбалер во моментов е Деле Али од Тотнем, кој игра во феноменална форма под кормилото на Жозе Мурињо, тој три кола во низа освојува одлични бодови, а особено добар беше минатиот викенд кога освои неверојатни 15 бода со двата погодоци во победата на домашен терен против Борнмут (3-2).

Иако под знак прашалник за настап и неизвесен поради повреда, медиумите на Островот „погодија“ во најавите дека Тами Абрахам ќе настапи за Челси, тоа и се случи, па така Челси дојде до тешко извојувана победа на домашен терен против незгодниот состав на Астон Вила (2-1), во која токму Абрахам со гол и асистенција беше творец на триумфот, Абрахам е вториот најкупуван фудбалер во моментов, што е сосема очекувано.

На онаа „негативната“ статистика лидер е Раул Хименез од Волверхемптон, а за дојде до таква статистика потребен беше само еден лош меч за овој напаѓач кој има одлична сезона. Претпоставките се во тоа што веројатно триото Рашфорд -  Варди – Абрахам во моментов е најдобриот избор на тие позиции, а место за уште еден напаѓач нема.

На оваа листа влезе и Марсијал кој погоре напоменавме дека поради повреда отсуствуваше во средината на седмицава, меѓутоа наша препорака е да го задржите во вашите тимови, со оглед на одличниот распоред на Манчестер јунајтед во продолжение, како и фактот што Французинот настапува како централен напаѓач, а на играта се води како фудбалер од средниот ред.


КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Започнуваме со селекцијата, а тука најпрво секако мораме да селектираме голман, веројатно за ова коло подобар избор од Метју Рајан (4.8) од Брајтон нема, со оглед на тоа што таа екипа на домашен терен го пречекува составот на Волверхемптон пред своја публика.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Ова коло предлагаме тројца во дефанзивниот ред, најпрво незаменливото дуо од Ливерпул, Ендру Робертсон (7.1), односно Трент Александер-Арнолд (7.3), „Редсите“ гостуваат кај Борнмут, екипа која негува офанзивен пристап во играта, меѓутоа, секако, очекувањата од тимот на Јирген Клоп се големи, а исто и од бековското дуо кое има огромни задачи во офанзивната игра.

Тројката во дефанзивната линија ќе го комплетираме со стандардниот Рикардо Переира (6.5) од Лестер, чија цена рапидно се искачува, а дека Португалецот е одличен избор кој редовно носи бодови, доволно говори фактот што во моментов е дефанзивецот со најмногу освоени бодови досега. Лестер викендов гостува кај незгодната Астон Вила, нашите очекувања ни од далеку, ниту од близу не се „Лисиците“ да ја сочуваат нивната мрежа, ќе биде мошне тешко во таквите очекувања, меѓутоа очекуваме нови бодови од Переира кој сигурно ќе мора да помогне во играта нешто понапред.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Сосема очекувано, во средниот ред започнуваме со Садио Мане (12.3) од Ливерпул, Сенегалецот игра во неверојатна форма и веќе наведовме дека го засени својот соиграч Мохамед Салах, кој веќе е сенка во таборот на „Редсите“. Дека е така, потврдува и изборот на натпреварувачите (види статистички приказ на трансфери погоре).

Деле Али (8.6) игра во животна форма под кормилото на Жозе Мурињо во Тотнем, од доаѓањето на португалскиот стратег на клупата на тимот од Лондон, Деле Али запиша една асистенција, односно три погодоци во три меча, а мечот против Барнли на домашен терен веројатно е нова убава можност да запише нови бодови на контото.

Харви Барнс (5.9) од Лестер во интервју за официјалниот клупски сајт најави погодоци, посочувајќи дека тие ќе дојдат, ние токму Барнс ќе го препорачаме за ова коло, неговата помош за Варди ќе биде и повеќе од добредојдена во дуелот со незгодната Астон Вила, меч кој сигурно нема да биде ни малку лесен за „Лисиците“.

Во однос на 21 годишниот Барнс, ќе наведеме дека е еден од омилените фудбалери на тренерот на Лестер, Брендон Роџерс, доста ценет од својот тренер, како и фудбалер кој дава голем допринос во играта на „Лисиците“ оваа сезона, а ние силно веруваме дека викендов ќе запре „постот“ на Барнс од пет меча без некој посебен учинок во играта, впрочем, на Варди ќе му биде од огромно значење помошта од Барнс на тешкото гостување кај Астон Вила.

Требаше многу трпение за оние кои во своите состави го имаат Мејсон Маунт (6.6) од Челси, со оглед на долгиот пост на фудбалерот кој тргна одлично сезонава, постигна гол после цели шест меча за „Сините“ од Лондон, а за прв пат запиша поголеми бодови на своето конто после четири меча, гостувањето кај Евертон е нова можност за Маунт, кога веќе му тргна.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Триото во нападот кое ќе го селектираме соодвестува со водечките тројца напаѓачи во поглед на освоените бодови од фудбалерите кои настапуваат на тие позиции.

Веројатно и подобар избор од следниот напад нема во овие моменти, Џејми Варди (10) од Лестер забележа ново зголемување на својата цена, што воедно е сосема очекувано, а тука е секако и напаѓачот на Челси, Тами Абрахам (7.9) за кого многумина наведуваа да се сочува во тимот и покрај повредата со која се здоби, најмногу поради неговата цена и губењето средства во случај на продажба.

Маркус Рашфорд (8.8) од Манчестер јунајтед е водечката сила на Оле Гунар Солшер, тој претходното коло се „загреа“ во пресрет на градското дерби со два гола против својот поранешен тренер Мурињо, а сигурно викендов ќе има и големи мотиви против Манчестер Сити.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Предлог-состав: РАЈАН (4.8); РОБЕРТСОН (7.1), АЛЕКСАНДЕР-АРНОЛД (7.3), ПЕРЕИРА (6.5); МАНЕ (12.3), АЛИ (8.6), БАРНС (5.9), МАУНТ (6.6); ВАРДИ (10), АБРАХАМ (7.9), РАШФОРД (8.8).

Капитен: МАНЕ

Заменик-капитен: Абрахам

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Во самата завршница од нашата анлиза традиционално правиме осврт на сите случувања околу табелата на генерална основа за „Македонија“, како и лигата на „24фудбал“.

Во лигата на „Македонија“ лидер е Александар Неделковски со досега освоени 954 бода, имате можност да го проследите неговиот избор.


Во лигата на „24фудбал“ пак, лидер на табелата е Љубомир Игнов со досега освоени 917 бода, во прилог и неговиот избор на „Фантази Премиерлигата“.


Среќно на сите натпреварувачи ова коло, стискаме палци натпреварувач од нашата земја да биде играч на колото, не заборавајте да се приклучите во лигата на „24фудбал“, кодот е следен: ah7lqe