24фудбал

Говореа дека е пред отказ а Солшер по Мурињо го надмудри и Гвардиола, „ѓаволите“ се главни во Манчестер (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед забележа голема победа откако вечерва со 1-2 триумфираше на гостувањето кај Манчестер Сити, Рашфорд и Марсијал ги турнаа „граѓаните“ на -14 во трката за титулата.

Англија

Пред само неколку дена медиумите шпекулираа дека на Оле Гунар Солшер му прети отказ и дека средбите со Тотнем и Манчестер Сити можат да му пресудат на Норвежанецот.

Но откако во средата ја доби пресметката со Жозе Мурињо, Оле Гунар Солшер вечерва го надмудри и Пеп Гвардиола. Манчестер јунајтед пристигна на Етихад како голем аутсајдер, но со одлична игра заслужено стигна до триумф од 1-2.

„Ѓаволите“ знаеа што сакаат и со директна и брза игра му создаваа огромни проблеми на противникот, Едерсон два пати спречи, но не можеше ништо кога Рашфорд од белата точка рутински реализираше за 0-1. Бразилецот беше немоќен и при обидот на Марсијал, кој милиметарски точно биеше по земjа на прва статива за 0-2.

Манчестер Сити го имаше поседот на топката и притискаше, но домаќините практично и да не креираа 100% шанса. Голот кој го постигнаа во финишот падна од корнер, Де Хеа тргна па застана а Отаменди со глава намали на 1-2. Веднаш потоа Марез имаше прилика да изедначи но Де Хеа одбрани.

Пеп Гвардиола сигурно ќе има замерки за судиите окако две играња со рака на Линделоф и Фред во шеснаесетникот не беа санкционирани, а на спротивната страна, пеналот од кој падна водечкиот гол беше досуден со помош на ВАР.