24фудбал

„Ке гол“... „Гламоросо“..., Пандев од преку 30 метри мајсторки го лобуваше голманот на Лече (ВИДЕО)

Горан Пандев го има голот на колото а можеби и голот на сезоната откако мајсторски реагираше, смири тешка топка и потоа со полуволеј го лобуваше голманот од Лече од преку 30 метри.

Македонија

Џенова поведе на гостувањето кај Лече по половина час игра, Горан Пандев ја затресе мрежата на домаќините со маестрален гол.

Голманот на домаќините лошо расчити една топка, Македонецот покажа одлична контрола и ја смири топката при тешка ситуација за потоа без размислување да упати полуволеј од преку 30 метри и во мрежата да ги смести и топката и Габриел, кој не се откажа и до последен момент правеше напор да го одбрани милиметарски прецизниот удар.