24фудбал

Мурињо без Кејн ќе игра против Баерн

Жозе Мурињо шанса ќе им даде на дел од младите играчи на гостувањето кај Баерн Минхен во среда.

Лига на Шампиони

Тотнем во среда му гостува на Баерн Минхен во последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите. Англискиот тим е на второто место и таму и ќе остане, не може ниту погоре, ниту подоле.

Поради таквата ситуација Мурињо е решен да им даде шанса на помлади играчи.

„Можам само да кажам дека Хари Кејн нема да игра, но кој ќе игра ќе треба да размислам“, вели Мурињо.

„Мечот е голема шанса за младите играчи. Голема шанса за развој на младите фудбалери кои ги имаме, Вокер-Питерс, Скип, Парот, Сесињон...“

„Овој меч не е значаен за мене, ниту за Тотнем, ниту за нашите цели, бидејќи ќе финишираме на второто место. Не е важен резултатот, но е многу важен мечот за играчите. Многу е важен за оние кои ќе играат“.

„Се разбира дека е престиж за клубовите во мечот, и ние ќе отидеме таму со тим со кој ќе ни гарантира дека можеме да се бориме за резултат кој не ни треба, но резултат кој го сакаме“.

Тотнем во својот прв меч против Баерн Минхен доживеа дебакл на својот стадион каде загуби со 7-2.