24фудбал

Милан триумфираше во Болоња, росонерите врзаа две гостински победи по ред (ВИДЕО)

Милан и Болоња одиграа меч со пет погодоци кој на крајот го добија росонерите со 3-2.

Италија

По победата на гостувањето кај Парма, Милан со три бода се враќа и од Болоња.

Резултатот беше отворен уште во 15. минута кога Пјонтек од пенал реализираше за водство на Милан од 1-0. Во 32. минута Хернандез го зголеми водството на 2-0.

При крајот на првото полувреме по еден корнер Хернандез ја затресе и сопствената мрежа со што Болоња ја намали негативата на 2-1 и се врати во игра.

Но веќе во првата минута од вториот дел Бонавентура ја врати предноста од два гола за Милан, погоди за 3-1.

Во 84. минута по консултација со ВАР, Болоња доби пенал кој го реализираше Сансоне за 2-3 и интересен финиш на мечот, но Милан го одбрани водството и на крајот заслужено се радуваше на победата.