24фудбал

Со три гола за девет минути Арсенал победи на гостувањето кај Вест Хем (ВИДЕО)

Арсенал со пресврт во второто полувреме победи на гостувањето кај Вест Хем со 3-1.

Англија

По пауза од девет натпревар Арсенал се радува на победа, топчиите имаа девет минутен блесок со кој славеа на гостувањето кај Вест Хем.

Натпреварот не тргна како што треба за Арсенал, Огбона погоди во 38. минута за водство на Вест Хем од 1-0.

Арсенал изедначи преку Мартинели во 60. минута, Пепе шест минути подоцна погоди за комплетен пресврт и водство на топчиите од 2-1. Во 69. минута Обамејанг ги постави конечните 3-1.