24фудбал

ПСЖ решил: Мбапе нема шанси да замине, Нејмар летоска ќе биде продаден на попуст и негова замена ќе се бара во Ливерпул?!

Лидерите на ПСЖ донеле одлука да го продадат Нејмар по крајот на сезоната, „светците“ ќе бараат 180 милиони евра за Бразилецот и доколку тој замине, како замена ќе биде донесен Садио Мане од Ливерпул.

Франција

Нејамр минатото лето изрази желба да го напушти Париз, речиси секој ден се пишуваше за негово враќање во Барселона, но зделката не се реализираше. ПСЖ постави висока цена од околу 300 милиони евра, а „каталонците“ немаа финансии за комплетирање на ваков трансфер.

Но очигледно Барса ќе има нова шанса да го врати напаѓачот во своите редови, оваа недела се појавија неколку стории за иднината на Нејмар. Се шпекулира дека лидерите на ПСЖ решиле да го продадат играчот по крајот на сезоната.

Бразилецот ќе биде на попуст летоска и ќе бидат потребни 180 милиони евра за ангажман на Нејмар. Шампионот на Франција веќе има идентификувано замена, и ќе тргне по Садио Мане од Ливерпул.

Раководството на „светците“ исто така донело одлука дека Килијан Мбапе нема да биде продаден. Проектот на клубот се гради околку Французинот, тој е главен од аспект на спортската стратегија, а во прашање е и гордоста на акционерите односно Шеикот, па затоа нема шанси напаѓачот да добие дозвола за трансфер и ќе се стори се за тој да го обонови договорот.