24фудбал

Солшер: Лесно е да се спореди Рашфорд со Роналдо додека настапуваше за Манчестер јунајтед

За некои логична, но за некои нелогична споредба, меѓутоа вреди да се напомене дека Роналдо на истите години како на Рашфорд постигна седум погодоци во својата прва сезона од светска класа.

Англија

Шефот на стручниот штаб на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солшер вели дека е мошне лесно да се спореди формата на Маркус Рашфорд во моментов со онаа на Кристијано Роналдо, во периодот кога Португалецот беше дел од тимот на „Црвените ѓаволи“.

Рашфорд игра во фантастична форма, а со своите 22 години во моментов е најмладиот фудбалер во најдобрата петорка фудбалски шампионати низ Европа кој постигнал над десет погодоци оваа сезона.

Младата ѕвезда на Манчестер јунајтед му нанесе големи маки на Пеп Гвардиола и Манчестер Сити во обидите на градскиот ривал за одбрана на титулата во Премиерлигата оваа сезона, откако беше вистински „мотор“ на тимот на Солшер кој ги совлада „Граѓаните“ на нивен терен со 1-2 изминатиот викенд.

Многу е лесно да се споредат тие двајца, обајцата имаат одлична техника, силни се во дуелите, имаат голема посветеност на терените, имаат сево себе, ова момче ги има сите шанси во себе да стане најдобриот во светот, да се надеваме дека ќе продолжи во ист ритам“ вели Солшер.

Не би сакал да ги коментирам бројките околу неговите погодоци, седури е позитивен и директен, како и размислува да биде постојана опасност кон противничките голови и да креира шанси, тој ќе продолжи со погодоците“ додаде Норвежанецот.

Солшер воедно имаше голема доверба во моментите кога се одлучуваше за иднината на Ромелу Лукаку, кој беше продаден во Интер во летниот преоден рок, оставајќи му на англискиот репрезентативец одговорност да биде примарен голгетер на тимот.