24фудбал

Клоп ја заврши кариерата на преведувачот: С‘ање, до тебе седи тренер кој говори германски (ВИДЕО)

Ливерпул добро се испоти за победа на домашен терен против Салцбург (4-3), евентуален пораз на гости при подобра гол разлика на Австријците би можел да донесе дури и елиминација за бранителот на европскиот трофеј во случај на победа за Наполи кај Генк.

Лига на Шампиони

Предводникот на Ливерпул, германскиот фудбалски стратег Јирген Клоп имаше конфронтација со преведувачот на пресконференцијата во пресрет на гостувањето кај незгодниот Салцбург во последното коло од групната фаза од Лигата на шампионите.

Клоп реагираше на тоа што преведувачот лошо ја протолкува изјавата на капитенот на „Редсите“, Џордан Хендерсон, кој беше запрашан како Премиерлигашот ќе му пристапи на мечот во Австрија.

На Ливерпул му е потребна победа вечерва, иако под ризик би било реми, дури и пораз, а Клоп веднаш реагираше кон преведувачот за тоа што тој некоректно преведе дека Ливерпул би излегол лесно со својот противник на оваа пресметка.

С*ање е тоа што веднаш до преведувачот седи тренер кој говори германски“ рече Клоп.

„Прашањето беше дали титулата од ланската сезона во Лигата на шампионите ни помага во една ваква ситуација, Хендерсон не говореше за тоа дека ние лесно би поминале на овој меч, напротив, тој е свесен за овој предизвик, треба убаво да слушаш, во спротивно, јас би можел сам да го правам ова, не е многу тешко“ додаде тој, а потоа на шега посочи дека уште во тие моменти чувствува дека има натпреварувачки дух во него.

„Јас веќе чувствувам како да имам натпреварувачко расположение во моментов, можам да ви го кажам тоа“ наведе Клоп.