24фудбал

Тухел за реакцијата на Мбапе при замената: Тој мора да ги почитува моите одлуки (ВИДЕО)

Младата ѕвезда го игнорираше својот тренер при излегувањето од игра, а тој пак се обидуваше нешто да му објасни во моментите кога се приближуваше кон клупата за резервни фудбалери.

Франција

Тренерот на францускиот првак ПСЖ, Томас Тухел јавно му порача на младиот напаѓач Килијан Мбапе дека треба да ги почитува неговите одлуки, меѓутоа посочи и дека ѕвездата на ПСЖ со тоа мора да покаже и почит кон фудбалерот кој треба да влезе во игра на одреден натпревар на негово место.

Сево ова доаѓа по чудната реакција на Мбапе кога беше заменет во судиското продолжение во „Лиг1“ на гостувањето кај Монпелје каде ПСЖ славеше со 1-3, а на негово место во игра влезе Чупо-Мотинг.

Тој има специфичен начин на размислување, кога освојувате титули и имате талент како него, нема да ви се допадне одлуката на тренерот да ве повлече од игра, меѓутоа тој мора да ги почитува моите одлуки, истовремено потребно е да покаже почит кон неговиот соиграч кој влегува на теренот“ рече Тухел на пресконференцијата во пресрет на дуелот против Галатасарај во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите.