24фудбал

Конте: Беше болно да се гледа голот на Ансу Фати

Антонио Конте вели дека не може да им забележи на своите фудбалери за поразот од Барселона бидејќи тие го дале максимумот, но едноставно не го добиле она што го заслужуваат.

Лига на Шампиони

И покрај тоа што Барселона во Милано настапи со комбиниран состав, Интер не успеа да дојде до победа која ќе го однесеше во осминафиналето од Лигата на шампионите. Каталонците победија со 2-1.

„Имавме шанси да го добиеме мечот, но едноставно не успеавме да ги реализираме“, вели Конте.

„Не можам да се пожалам на моите фудбалери, тие дадоа се од себе. Едноставно ни недостасуваше гол, наместо тоа примивме погодок кој не уби“.

„Беше болно да се гледа тој гол на Ансу Фати, тој не уби во секој поглед. Напаѓавме, креиравме шанси за 2-1. Разочарувањето е големо кај сите фудбалери бидејќи дадоа се од себе“.

„Разочаран сум и за фановите бидејќи тие ни даваа поддршка од самиот старт на мечот па до крајот, креираа прекрасна атмосфера. Мечот требаше поинаку да заврши“.

„Мислам дека заслуживме повеќе. Како и да е, ова треба да го сфатиме како значајно искуство. Треба да застанеме на нозе и да почнеме повторно да одиме“.