24фудбал

Анчелоти нема време за тагување по отказот, ќе се врати во Премиерлигата?

Италијанските медиуми пишуваат дека Арсенал е во пол позиција за ангажман на Карло Анчелоти, интерес за италијанскиот стратег има и од Евертон.

Англија

Доцна синоќа Наполи му врачи отказ на Карло Анчелоти, а информациите од Италија велат дека Арсенал веќе стапиле во контакт со него.

Според „Скај Спорт Италија“ и „Тутомеркатовеб“, Арсенал се во пол позиција за потписот на Анчелоти.

Топчиите се во потрага по нов тренер откако му врачија отказ на Унаи Емери, во моментов привремен тренер е Фреди Љумберг но не се очекува тој да остане.

Евертон исто така е заинтересиран за Анчелоти, но Италијанецот веќе работеше во Лондон кога го водеше Челси, па се чини дека повторно би го одбрал главниот град на Англија.