24фудбал

Ансу Фати: Кога дадов гол целиот стадион замолкна

17-годишниот Ансу Фати и донесе победа на Барселона на гостувањето кај Интер, неговиот гол беше крај на надежите на росонерите дека можат да дојдат до потребниот триумф.

Лига на Шампиони

При резултат 1-1, Интер се обидуваше да дојде до потребната победа против комбинираниот состав на Барселона. Се беше решено кога тинејџерот Ансу Фати во финишот од мечот даде гол, тоа им со скрши срцето на сите фанови на нероазурите.

„Му ја дадов на Суарез, тој ми ја врати. И кога го постигнав голот беше изненаден бидејќи целиот стадион замолкна. Си помислив: Што ли направив?. Навистина сум среќен“, вели Ансу Фати.

„Ова е како сон за мене, се се одвива навистина брзо. Само уживам и учам од најдобрите. Се трудам да ја искористам секоја шанса која ќе ја добијам“.