24фудбал

Манчестер јунајтед го продава Пол Погба за да купи двајца фудбалери од средниот ред и напаѓач?!

Дејли Мејл пренесува дека „ѓаволите“ кројат планови за иднина без Пол Погба, на агендата се антажман на двајца фудбалери од средниот ред и пристигнување на нов голгетер, се шпекулира со имињата на Саул Нигез, Дони ван де Бек и Ерлинг Халанд.

Англија

Пол Погба минатото лето силно се поврзуваше со Реал Мадрид, интерес пројави и Јувентус, но Французинот остана на Олд Трафорд. Се верува дека играчот и понатаму има желба да замине, и според пишувањата на Дејл Мејл, Манчестер јунајтед ќе даде зелено светло за трансфер.

Весникот вели дека „ѓаволите“ и понатаму ќе инсистираат дека Пол Погба не е на продажба за да извлечат што е можно повеќе пари, но веќе кројат планови за иднина без репрезентативецот на „триколорите“.

Клубот од Олд Трафорд во следните два преодни рока треба да ангажира двајца фудбалери од средниот ред со што ќе се подготви терен за заминување на Пол Погба. Се шпекулира дека топ трансфер цели се Саул Нигез од Атлетико Мадрид и Дони ван де Бек од Ајакс.

Ангажман на нов напаѓач исто така е помеѓу приоритетите и на врвот на листата со желби е Ерлинг Халанд од РБ Салцбург.