24фудбал

„Газета дело Спорт“: Гатузо ја враќа формацијата на Сари, а Елмас...

Македонскиот репрезентативец со отворена порака на социјалните мрежи се збогуваше со довчерашниот тренер Анчелоти и јавно му се заблагодари на довербата која ја имал во него, во Италија веќе шпекулираат што со Елмас под кормилото на Гатузо.

Италија

Карло Анчелоти повеќе не е тренер на Наполи, а јавна тајна во Италија е дека негов наследник на клупата на тимот од Неапол ќе биде Џенаро Гатузо, па така тамошните медиуми се подзаминаваа и со тоа каква игра ќе преферира новиот тренер на Наполи.

Поточно, се работи за формациската поставеност, а се верува дека Гатузо ќе ја имплементира популарната и доста офанзивна 4-3-3, со која претходно се прослави Маурицио Сари.

Довчерашниот тренер Анчелоти преферираше 4-4-2, многумина веруваат дека таа радикална промена по три години играње во формациска поставеност 4-3-3 донела големи проблеми во играта на италијанскиот вицепрвак кој претходно го собра аплаузот ширум Европа со феноменалната игра која нудеше големи возбудувања.

Известувачот за „Газета дело Спорт“ и „Скај Спорт“, Џанлука Ди Марцо верува дека старо-новата формација е идеална за да се извлече најдоброто од составот на Наполи.

„Ла Газета“ посочува дека Алан ќе игра главна улога во реконструкцијата, а нашиот репрезентативец Елиф Елмас ќе добие поголема минутажа на натпреварите, односно ќе „профитира“ од реконструкцијата во тимот под кормилото на Гатузо.

Медиумите шпекулираат дека Анчелоти не го сакал Елмас, Елиф со порака: Мистер, ти благодарам за се што стори за мене

Италијанскиот весник додава дека Македонецот е во плановите на Гатузо, поточно, тој е еден од триото во средниот ред кои ќе ги преферира Гатузо, а Лозано и Зјелински заедно со Милик се изборот на Гатузо за нападот.

Интересно, нема место за Инсиње во почетните 11, се верува дека капитенот на тој состав ќе биде продаден идното лето, нешто што посакуваше да го стори и Анчелоти, и тоа за да го доведе Икарди во тимот.