24фудбал

Реакцијата на Де Јонг кога дозна за елиминацијата на Ајакс (ВИДЕО)

Младиот Холанѓанец го промени своето расположение откако го дозна резултатот од пресметката во Амстердам, што донесе разочарување за фановите на Ајакс, но и лично за него.

Лига на Шампиони

Барселона иако имаше меч без никакво резултатско значење, сепак славеше на гостувањето кај Интер со 1-2, иако на домаќинот очајно му беше потребна победа за место во нокаут фазата од Лигата на шампионите.

Младиот Френки де Јонг беше дел од комбинираниот состав на Каталонците, а во игра на мечот во Милано влезе во второто полувреме, Холанѓанецот иако неговиот тим славеше, не го криеше разочарувањето од елиминацијата на неговиот поранешен клуб Ајакс.

Ајакс помалку изненадувачки загуби пред своја публика минимално од Валенсија, со што ги загуби сите шанси за прогрес, а Де Јонг видно разочаран откако дозна за резултатот во Амстердам...