24фудбал

Клоп му се извини на преведувачот: Бев идиот (ВИДЕО)

Германскиот фудбалски стратег од клупата на Ливерпул јавно се извини до преведувачот кон кого не бираше зборови за да го искаже револтот откако овој погрешно ги протолкуваше зборовите на капитенот Хендерсон.

Лига на Шампиони

Иако на домашен терен добро се испоти претходно против незгодниот Салцбург (4-3), синоќа на гостувањето кај австрискиот претставник бранителот на европскиот трофеј ја оправда фаворитската улога и обезбеди место во нокаут фазата од Лигата на шампионите.

Ливерпул славеше на гостувањето кај Салцбург во последното коло со 0-2, а тоа за составот предводен од страна на Јирген Клоп донесе прво место во групата, со бод предност во однос на Наполи.

Во пресрет на мечот големо внимание кај јавноста предизвика тоа што се случи за време на пресконференцијата, каде Клоп имаше големи забелешки до преведувачот, кој лошо ги протолкува зборовите на капитенот Хендерсон.

Клоп ја заврши кариерата на преведувачот: С*ање, до тебе седи тренер кој говори германски (ВИДЕО)

По синоќешниот меч, Клоп јавно му се извини на преведувачот во една кратка конверзација со него, и на крајот рече:Се извининувам, бев идиот“.