24фудбал

Анчелоти со една реченица се огласи првпат по добиениот отказ

Карло Анчелоти има само убави зборови за неговиот престој во Наполи, се што имаше да каже стави во една реченица.

Италија

Доцна синоќа Карло Анчелоти доби отказ од позицијата тренер во Наполи. Во текот на денешниот ден многу од фудбалерите преку социјалните мрежи се збогуваа со тренерот, меѓу нив и нашиот Елмас.

Сега и Карло ја имаше првата изјава откако му заврши работата во Наполи. Тој преку својот твитер профил му се заблагодари на клубот.

„Би сакал лично да му се заблагодарам на клубот, вработените, моите фудбалери, мојот стручен штаб и на претседателот за можноста да го доживеам ова незаборавно искуство во прекрасен град каков што е Неапол“, напиша Карло Анчелоти.