24фудбал

Адеми во нова улога во составот на Динамо Загреб за пресметката со Манчестер Сити (ФОТО)

Сосема јасни се намерите на Бјелица за дуелот од големо значење за Динамо Загреб оваа сезона во Европа, тој посакува сигурност и цврстина на таа позиција во налетите на противникот, а многу опции се во игра во групата „Ц“ за второто, но и третото место, Манчестер Сити е сигурен на првата позиција.

Лига на Шампиони

Хрватскиот првак Динамо Загреб ќе има тешка мисија во последното коло од групната фаза во обидот да избори место во нокаут фазата од Лигата на шампионите.

Тимот во кој настапува нашиот репрезентативец Аријан Адеми, воедно и капитен на Динамо Загреб, на домашен терен го пречекува англискиот првак Манчестер Сити, а со оглед на формата на „Граѓаните“ не би претставувало изненадување доколку домаќините изборат победа од оваа пресметка.

Сепак, со оглед на фактот што Динамо Загреб заостанува бод зад второпласираниот Шахтер, истовремено ќе го сочека епилогот од дуелот помеѓу Шахтер и Аталанта, која е последна на табелата со два бода зад Украинците, со тоа што многу опции се во игра во оваа конкуренција.

Официјалните состави на обете екипи веќе можеме да ги проследиме, а според графичкиот приказ на „УЕФА“, нашиот Адеми се најде во нова улога во играта на Динамо Загреб, шефот на стручниот штаб на хрватскиот првак, Ненад Бјелица го постави Македонецот како стопер за пресметката на „Максимир“.

Кај „Граѓаните“, иако многумина очекуваа комбиниран состав од Пеп Гвардиола, сепак тој се реши за моќен тим за вечерва, сепак, ако е нешто олеснителна околност за домаќините во тој поглед, Де Брујне и Стерлинг почнуваат од клупата за резервни фудбалери.