24фудбал

Абрахам: Подготвени сме за сите можни противници, а зошто да не биде Барселона?

Младиот напаѓач на Челси кој на одличен начин ја оправдува довербата од својот тренер Френк Лампард тврди дека тимот од Лондон е подготвен за било кој противник во првата рунда од нокаут фазата во Лигата на шампионите, тој не крие дека има една желба во поглед на можните противници.

Лига на Шампиони

Напаѓачот на Челси, Тами Абрахам нема ништо против еден од посериозните претенденти за овосезонската европска титула да биде противник на Премиерлигашот во топ 16, односно во првата рунда од нокаут фазата во Лигата на шампионите.

Челси славеше во последното коло над Лил на домашен терен, а со тоа го освои второто место во својата група, токму Абрахам беше стрелец на еден од двата погодоци за „Сините“ од Лондон, а младиот напаѓач тврди дека Челси е подготвен за било каков предизвик во следната фаза од тоа натпреварување.

Ова е мошне возбудливо, ние сме екипа која никогаш не бега од предизвик, сакаме да играме против најдобрите екипи во светот и да играме на најдобрите стадиони во светот“ посочи Абрахам.

Без страв, подготвени сме за сите противници, би било задоволство да се игра на „Камп Ноу“ или на некоја друга арена каде досега немам играно“ додаде напаѓачот на Челси.

Од нашиот прв меч во ова натпреварување сфативме за големината на истото, ова е големо постигнување за нас со тоа што се најдовме во најдобрите 16 екипи, за мене има големо значење, ми се исполни сонот, како дете го следев редовно ова натпреварување, сега учествувам во него“ заклучи тој.

До нокаут фазата, тимот на Френк Лампард ќе се фокусира на Премиерлигата, таму досега има солиден учинок и моментално се наоѓа на четвртото место на табелата, што се однесува пак до Абрахам, тој со 11 погодоци е на делба на второто место заедно со Обамејанг на листата на стрелците во најсилниот фудбалски шампионат на Островот по Варди кој досега запиша 16.