24фудбал

Неспортски: Двајца играчи на Динамо лежеа на теренот, а Сити даде гол, Адеми бесен тргна да се расправа и доби жолт! (ВИДЕО)

Меч кој веројатно живот значи за хрватскиот првак, но, од истиот карактер нема значење за Манчестер Сити, кој е сигурен на првата позиција во таа група од Лигата на шампионите на патот кон нокаут фазата од ова натпреварување.

Лига на Шампиони

Динамо Загреб прв дојде до предност во дуелот против Манчестер Сити на домашен терен со голот на Олмо во 10. минута, а со тој резултат хрватскиот првак се искачи на второто место во групата.

Сепак, во продолжението од пресметката, Жесус во 34. минута израмни на 1-1 и со тој резултат обете екипи заминаа на паузата.

Доста контроверзна ситуација проследивме во израмнувачкиот гол на „Граѓаните“, откако двајца фудбалери на домаќините лежеа на тревникот жалејќи се на повреда, гостите одлучија да продолжат со играта, а откако го постигнаа израмнувачкиот гол, капитенот на Динамо Загреб и македонски репрезентативец, Аријан Адеми имаше бесна реакција.

Адеми бесен на гостинските фудбалери поради тоа што не ја исфрлија топката и воедно не ја прекинаа играта, тргна кон нив да се расправа во моментите додека тие го прославуваа израмнувањето, за ваквата реакција Македонецот доби опомена во жолт картон.