24фудбал

Гатузо: Анчелоти ми беше како татко, тој и денеска ми покажа колку голем човек е

Новиот тренер на Наполи, Џенаро Гатузо има само пофални зборови за Карло Анчелоти под чие водство долго време играше за Милан.

Италија

Наполи отпушти една легенда на Милан и ангажираше друга. Си отиде Карло Анчелоти, на негово место дојде Џенаро Гатузо.

Помладиот стртег има само пофалби за Анчелоти, вели дека Карло и денеска разговарал со него и му кажал во кои делови може тимот да се подобри.

„Карло е прекрасна личност. Ми беше како татко, имам одиграно преку 300 натпревари со него како тренер. Секогаш му се јавував за совет кога имав тешки моменти како почетник во тренерската кариера и тој секогаш беше многу добар со мене. Тој и денеска покажа колку е голем, ми кжа каде може тимот да се подобри иако вчера доби отказ“, вели Гатузо.

„Сакав да му се јавам уште вчера, но знаев дека е со неговата фамилија, па зборувавме утринава. Тој беше многу отворен, разговаравме, но муабетот ќе го задржам за себе. За мене беше многу, многу важно да слушнам што има тој да каже“.

„Ве молам не правете споредби меѓу мене и него бидејќи Анчелоти има освоено се во својата кариера. Јас имам 21 година и имам уште многу да се докажувам и да се надевам дека ќе постигнам 10 проценти од тоа што тој постигнал во неговата кариера“.