24фудбал

Борусија Дортмунд застана во редот за Покетино

Постои голем интерес за аргентинскиот фудбалски стратег кој би можел да се врати во „Премиерлигата“, меѓутоа, за него опција е воедно и „Бундеслигата“, од таму интерес пријавува Борусија Дортмунд.

Германија

Борусија Дортмунт влезе во конкуренција за потписот на аргентинскиот фудбалски стратег Маурицио Покетино кој се здоби со отказ на клупата на европскиот вицепрвак Тотнем пред извесен период.

Покетино во моментов е без ангажман, а медиумите пишуваат околу тоа каде би можел да продолжи со својата тренерска кариера, многу клубови се наведуваат, а сега еден од нив е Борусија Дортмунд, објави „Телеграф“.

„Телеграф“ известува дека во Борусија Дортмунд сериозно размислуваат како по Лусијен Фавре кој се соочува со голем притисок, а токму во Покетино гледаат негов идеален наследник.

Борусија Дортмунд успеа да избори место во нокаут фазата од Лигата на шампионите, а во моментов е на третото место во „Бундеслигата“, меѓутоа и натаму неизвесна е иднината на Фавре.

Освен „Милионерите“, на Островот пишуваат дека Арсенал и Евертон исто така пријавиле интерес за услугите на Покетино, а од поодамна се споменува и Манчестер јунајтед.