24фудбал

Аталанта испиша историја во ЛШ, направи нешто што досега на никој не му успеало

Аталанта направи сензација со пласманот во осминафиналето, не толку поради квалитетот кој го има туку поради лошиот старт на натпреварувањето.

Лига на Шампиони

Аталанта стана првиот тим во историјата на Лигата на шампионите кој успеал да се пласира во осминафиналето а ги загубил првите три меча во групната фаза.

Почна со дебакл од Динамо Загреб, па следуваа порази од Шахтар и Манчестер Сити. Но потоа со едно реми и две победи успеа да дојде до второто место и да направи огромен успех.