24фудбал

Познати се сите патници во осминафиналето од ЛШ, сите тие се од најдобрите пет лиги!

Оваа сезона нокаут фазата од Лигата на шампионите ја сочинуваат само клубови од најдобрите пет лиги во Европа.

Лига на Шампиони

Како никогаш претходно откако е формирана Лигата на шампионите, само екипи од Англија, Шпанија, Италија, Германија и Франција ќе играат во елиминационата фаза.

Како првопласирани во осминафиналето се пласираа: ПСЖ, Баерн Минхен, Манчестер Сити, Јувентус, Ливерпул, Барселона, РБ Лајпциг и Валенсија.

Од второто место во нокаут фазата одат: Реал Мадрид, Тотнем, Аталанта, Атлетико Мадрид, Наполи, Борусија Дортмунд, Лион и Челси.

Ждрепката за осминафиналето ќе се одржи во понеделник во 12 часот.

Нокаут фазата почнува на 16 февруари.