24фудбал

Гатузо одбил 18 понуди пред да ја прифати таа од Наполи!

Според информациите од Италија, Џенаро Гатузо откако го напушти Милан добил вкупно 19 понуди, ја одбрал таа на Наполи.

Италија

По шест месеци без работа Рино му се враќа на фудбалот, тој е нов тренер на Наполи, наследник на Карло Анчелоти кој доби отказ.

„Ла Република“ тврди дека Гатузо пред да ја добие понудата од Наполи имал дури 18 кои го одбил.

Валенсија, Џенова, Фиорентина и Сампдорија се споменуваат како дел од тие клубови кои се интересирале за Гатузо.

Престојниот викенд тој ќе го има своето деби на кормилото на Наполи во Серија А, противник му е Парма.