24фудбал

Роналдо: Би потпишал да играме финале со Реал Мадрид

Тимот на Маурицио Сари би можел да се судри со „Кралскиот клуб“ уште во 16 финалето од Лигата на шампионите, но, Роналдо посакува да не дојде до тоа уште во раната фаза од нокаут рундата, тоа е можно сценарио со оглед на фактот што Реал Мадрид заврши на второто место во групната фаза.

Лига на Шампиони

Италијанскиот првак Јувентус сосема очекувано прогресираше во нокаут фазата од Лигата на шампионите откако успешно ја мина групната фаза, тоа го стори како првопласиран од својата конкуренција, а првата ѕвезда на „Старата дама“, Кристијано Роналдо има посебна желба за финалето во тоа натпреварување кое во мај идната година ќе се одржи во Турција.

Роналдо, кој ланското лето направи трансфер од Реал Мадрид во Јувентус, не би сакал да се сретне со неговиот поранешен клуб во раната фаза од нокаут рундата, меѓутоа Португалецот вели дека би потпишал тоа да се случи во големото финале.

Реал Мадрид е фантастична екипа, меѓутоа би сакал во подоцната фаза да се сретнеме со нив, би потпишал да се сретнеме во финалето“ рече Португалецот.

Ждрепката за двојките во 16 финалето од Лигата на шампионите ќе се одржи во Нион, Швајцарија, во понеделник.